Megunarodna konvencija za chovekovi prava (Makedonski) 
Vrsta: Seminarski | Broj strana: 18 | Nivo: Fakultet za detektivi i bezbednost

FON-UNIVERZITET
DETEKTIVI I BEZBEDNOST
REPUBLIKA MAKEDONIJA
SEMINARSKA RABOTA
PREDMET: ^ovekovi prava
TEMA: MЕЃУНАРОДНА КОНВЕНЦИЈА ЗА ЕЛИМИНИРАЊЕ НА СИТЕ ФОРМИ НА РАСНА ДИСКРИМИНАЦИЈА
Zoja Katru Trajkovska Panda
Skopje 2008/2009
ME\UНАРОДНА КОНВЕНЦИЈА ЗА ЕЛИМИНИРАЊЕ НА СИТЕ ФОРМИ НА РАСНА ДИСКРИМИНАЦИЈА
(Усвоена и отворена за потпишување, ратификување и пристапување со резолуција на Генералното Собрание на ОН 2106А(ХХ) од 21 Декември 1965 год. Стапи во сила на 4 јануари 1969 во согласност со членот 19)
Државите членки на оваа конвенција,
Сметајќи дека Повелбата на Обединетите нации се засновува врз принципите на достоинството и еднаквоста на сите луѓе и дека сите држави членки се обврзале да дејствуваат , заедно и посебно, во соработка со Организацијата, заради постигнување една од целите на Обединетите нации, т.е. да го развиваат и поттикнуваат општото и фактичкото почитување на правата на човекот и основните слободи за сите, без оглед на расата, полот, јазикот или верата,
Сметајќи дека Универзалната декларација за правата на човекот прокламира дека сите луѓе се раѓаат слободни и еднакви по достоинството и правата и дека секој може да се користи со сите права и со сите слободи наведени во неа, без никаква разлика, особено со оглед на расата, бојата или националното потекло,
Сметајќи дека сите луѓе се еднакви пред законот и дека имаат право на подеднаква законска заштита од секоја дискриминација и секое поттикнување на дискриминација,
Сметајќи дека Обединетите нации го осудиле колонијализмот и секое вршење сегрегација и дискриминација што го следат него, во која и да било форма, и на кое и да било место да постојат и дека Декларацијата за давање независност на колонијалните земји и народи од 14 декември 1960 година (резолуцијата 1514 / XV / на Генералното собрание) ја потврди и свечено прокламира потребата за неговото брзо и безусловно завршување,
Сметајќи дека Декларацијата на Обединетите нации за укинување сите форми на расна дискриминација, од 20 ноември 1963 година (резолуцијата 1904 / XVIII на Генералното собрание) свечено ја утврдува потребата од брзо укинување на сите форми и сите појави на расна дискриминација во сите делови на светот и обезбедување разбирање и почитување на достоинството на човечката личност,
Убедени дека секоја доктрина за супериорноста заснована врз разликата помеѓу расите е научно лажна, за осуда од моралната точка на гледиштето и социјално неправедна и опасна и дека ништо не би можело да ја оправда, каде и да било тоа, расната дискриминација, ниту теоретски ниту практично,
Повторно потврдувајќи дека дискриминацијата помеѓу луѓето врз основа на расата, бојата или етничкото потекло претставува пречка за пријателските и мирољубивите односи помеѓу народите и дека може да го наруши мирот и безбедноста помеѓу народите, како и складната коегзистенција на граѓаните од иста држава,
Убедени дека постоењето на расни пречки е несогласиво со идеалите на секое човечко општество,

---------- OSTATAK TEKSTA NIJE PRIKAZAN. CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ---------- 

www.maturskiradovi.net 

 

MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: maturskiradovi.net@gmail.com

 

 

besplatniseminarski.net Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.besplatniseminarski.net, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!